Заев: Нашиот таргет е сто илјади денари плата за специјалистите

Од:

Со зголемувањето на основицата за пресметување на плата од пет проценти, заедно со дежурствата специјалистите ќе добиваат 52.000-53.000 денари, а нашиот таргет е 100.000 денари. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека тоа се големи средства, или 22 – 23 милиони денари.

– Верувам дека тој таргет ќе го постигнеме. Впрочем убеден сум дека ќе го постигнеме. Моја желба е од 1 јануари да биде постигнат. Ако успееме тоа да го направиме би бил многу среќен, ако не согласно перформансите и парите кои ги имаме на располагање во буџетот, го правиме првиот чекор веројатно до 80.000 денари и веднаш на второ полугодие да стигнеме до 100.000 денари, посочи Заев.

Според него, тоа значи повеќе специјалисти да останат во државата, да не заминуваат.

– Правиме се, работиме на тие проблематики како да ги донесеме одлуките, а одлуките се во септември, заради тоа што се подготвува буџетот за 2019 година и веднаш ќе ги соопштиме преку медиумите до граѓаните, рече Заев.

Потенцира дека во тек се преговорите и сите оние перформанси кои значат сериозни заштеди во буџетот сакаат да ги реалоцираат, да мотивираат пред се јавното здравство, но и најранливите категории во државата.

– Зборуваме за социјалната заштита, вработените во центрите за социјални работи и за стручните лица по центрите за грижа за лица со посебни потреби, додаде Заев, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Спогодбата за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност од страна на министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Просечната нето-плата во февруари 43.053 денари