Заев на промоција на „Регионалната инвестициска платформа“ на Инвестицискиот самит за Западен Балкан

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, и владината делегација во која се Заменик претседател на владата задолжен за за економски прашања и за координација со економските ресори д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, Министерот за економија Крешник Бектеши и Министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска учевствуваа во промоцијата на „Регионалната инвестициска платформа“ на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), што денеска се одржува во Лондон.

„Регионалната инвестициска платформа“, која ќе ја раководи секретаријатот на ЕБОР има за цел да го интензивира инересот и приливот на странски инвестиции во регионот Западен Балкан. Идејата зад оваа иницијатива е да ги понуди потенцијалите на регионот, но и на секоја земја одделно, во рамките на нивните обединети капацитети, како ресурс и како пазар од над 20 милиони жители.

Новата „Регионална инвестициска платформа“ ќе ги застапува предностите на регионот пред странските инвеститори и ќе ги обедини сите олеснувања и можности за нови странски инвестиции од регионален карактер.

Првите луѓе на владите на земјите од Западен Балкан по тој повод одржаа и заедничка прес конференција на која одговараа на новинарските прашања.

Дел од интересот на новинарите беше насочен кон политиките за борба против корупцијата во сите земји на Западен Балкан, и во однос на енергетското поврзување.

Премиерот Зоран Заев истакна дека борбата против корупцијата е приоритет во политиките на владата на РМ и дека политиките со справување со оваа појава ќе продолжат да се имплементираат со поголем интензитет.

Во однос на енергетското поврзување, премиерот Заев нагласи дека Република Македонија ќе соработува со сите земји во регионот на ова поле и дека „Регионалната инвестициона платформа промовирана во Лондон во енергетиката е еден од најпредизвикувачкиот дел од повеќегодишниот акционен план на регионалната економска област.

Би можело да ве интересира

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Уапсен маж пред парламентот во Лондон, го фатиле со неколку ножеви во себе

А1он

(ВИДЕО) Пожар во висококатница во Лондон – 70 пожарникари се на терен

А1он

ВИДЕО: Фотографија на мајка и дете од Газа залепена на слика на Пикасо во Лондон