(ВИДЕО) Заев: Исти услови и за домашните и странските компании

Од:

Воедначување на сите услови за работа на домашните и странски компании во функција на поддршка и помош на домашното стопанство, најави денеска премиерот Зоран Заев при посетата на фабриката „Санос“ во Скопје по повод испораката испораката на контигент од пет туристички автобуси од висока класа за нарачател од Казахстан.

– Сакам да дадам почит кон компанијата, но пред се се поклонувам пред работниците кои во ова тешко време со оваа огромна традиција на фабрика, издржале и создале прекрасни дела со кои јас и верувам цела Македонија се гордее. Овие автобуси се подготвени да тргнат на пат претставувајќи ја нашата Македонија и посакувам да го отворат патот на нови вакви извози на домашни производи, рече Заев

Премиерот порача дека и покрај целиот овој аранжман кој Санос го има со Казахстан за повеќе од 70 автобуси, Владата на РМ ќе даде помош и поддршка во амбицииите на компанијата да го зголемуваат производството.

– Сметајте на директни повластици од државата за секое ново работно место за секој нов продукт за секое ново производство. Идеите кои ги наметнувате широкоградо ќе ги пречекаме за да ги поддржиме, а со тоа да обезбедиме и дополнителен пласман и на оваа фабрика и на многу фабрики ширум Македонија. Сметајте на пријатели од новата Влада на Република Македонија, нагласи Заев.

Сопственикот на фабриката Славе Распашковски се заблагодари на Заев за, како што рече, историската посета на премиер на Македонија на оваа фабрика која досега ниту еден претседател на Влада на Македонија не ја посетил.

Тој предложи Владата да даде поддршка на приватните превозници со што би се отворил простор Санос да изработи македонски автобуси за нашите граѓани.

Распашковски порача дека и покрај размислувањата да се дислоцира фабирката после оваа посета на премиерот Заев таа останува тука.

Вредноста на зделката е во висина од 800 илјади евра, а автобусите се целосно произведени во фабриката во Скопје, со вградени агрегати на германската компанија МАН.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија