Заев: Економијата е стабилна, мерките што беа преземени се навремени

Од:

Македонската економија е стабилна. Државата веќе обезбеди средства за првите два пакети мерки за поддршка на бизнисот, ако е потребно ќе обезбедиме и трет пакет. Мерките што се преземени се навремени. Обезбедени се и пари за покривање на дупката во Буџетот поради кризата, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Државата, рече тој, има намален дел од приходот во буџетот, криза е секаде, криза е кај нас, влијае на буџетот, тој е намален.

-Обезбедивме пари за да ја покриеме таа дупка во буџетот. Обезбедивме пари за првиот и вториот пакет мерки, еве се испорачува. Имаме капацитет да обезбедиме трет пакет на мерки. Тоа само укажува колку е стабилна македонската економија и колку се навремени мерките. Јас верувам дека Владата ќе има доволно храброст сите свои ресурси да ги впрегне за вбризгување пари преку приватната потрошувачка кој што ни е 65 проценти од БДП и јавната потрошувачка која што е 15 проценти. Тоа се 80, а 20 проценти се увоз-извоз меѓународното движење на капиталот, но приватната и јавната потрошувачка треба да бидат навистина потпомогнати и ќе видете дека ќе се развијат убави мерки за поддршка на угостителство и туризам, рече Заев на денешната прес-конференција.

Угостителството и туризмот, според Заев, ни се предност. Можеби, рече тој, ние немаме мориња, но она што угостителството и туризмот во БДП може да го имаат како учество до сега не ни е 50 отсто.

– Зборувам за пред кризата. Ајде сега да го покачиме. Да овозможиме дополнителна мотивација за ресторани, хотели, туристички објекти, туристички потенцијали, а секако да го помогнеме најзагрозениот сектор што во моментот го имаме. Така што, тоа што го зборува Мицкоски се само статитистички податоци објавени од центарот за статистика. Коректно е да ги кажеш податоците, добро е, криза има и кај нас како што има и во целиот свет. Тој зборува како ништо да не се случило во Македонија, како да нема никаква криза или слично. Тоа само по себе кажува дека пуста политика, голо политикантство, само тоа го интересира и ништо друго се заради тоа што се очекуваат избори во државата, рече Заев.

Наш прв приоритет, рече, е здравјето на граѓаните, економијата.

-Насочени сме тука. Ние сме им поддршка на граѓаните. Треба да знаат дека државата , министерствата, институциите постојат заради граѓаните. Ќе направиме се, а имаме капацитет тоа да го направиме, рече Заев апелирајќи секако натаму на солидарноста која, како што рече, е важна работа за да можеме уште повеќе дрќавата да биде капацитетна во помагањето.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски претходно на прес-конференција оцени дека економската состојба во државата е се потешка, дека економијата колабира и оди во амбис и оти се повеќе луѓе остануваат без своите работни места.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ