Задутре започнува најголемиот досега 25. по ред Копаоник бизнис форум

Од:

Во недела ќе започне јубилејниот 25-ти по ред „Копаоник бизнис форум“, кој ќе се одржи од 4 до 7 март на Копаоник.

Досега присуството на форумот го потврдија преку 1000 учесници и со самото тоа ќе има рекорден број учесници и панелисти. За првпат форумот ќе трае 4 денови, ќе бидат одржани 22 панели, 3 пленарни сесии, 6 специјални настани, а ќе бидат организирани и 3 специјални обраќања до присутните.

Присуството на форумот го потврдија претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Владата, Ана Брнабиќ, поголемиот број министри во Владата на Република Србија, гувернерот на Народна банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, најзначајните стопанственици од банкарскиот и осигурителниот сектор, како и претставници од секторите туризам, енергетика, земјоделство, фармацефтската индустрија, јавните претпријатија, локалната самоуправа, меѓународните финансиски организации (EBRD, EIB, IFC, WB, MMF), претседателот на Фискалниот совет, како и многу домашни и странски економски теоретичари и претставници на медиумите.

Тема на годинашниот форум е „Што по фискална консолидација: Како да се претвори фискалната стабилност преку мерки на економска политика во одржлив раст и развој?“

Во рамките на неколкуте денови колку што се одржува форумот ќе се претстават преку 120-тина говорници на различни теми врзани со бизнис сферата, меѓу кои и мнозинскиот сопственик на М6 Инвесмент груп и претседател на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Тој ќе биде говорник вториот ден од форумот во рамките на Панел 3 на тема „Западен Балкан – предизвици: Регионална економска област“.

„Организацијата на јубилениот 25ти по ред Копаоник бизнис форум претставува додатна одговорност, во поглед на долготрајноста и значењето на самиот настан. За првпат организираме погабаритна програма, која ќе се одвива во текот на 4 денови, а последниот ден свое излагање ќе има и српската премиерка Ана Брнабиќ. Целта на овој долгогодишен форум е да се изгради платформа за аргументирана, конструктивна расправа и критична анализа за се она што е досега сработено, како и концептуално дефинирање на одржлива економска политика„ вели Алекандар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија и претседател на програмскиот одбор на КБФ.

Програмскиот одбор на форумот предвиде дискусии во рамките на различни области како Иницијатива – Дигитална Србија и Улогата на жената во промените на бизнис светот, Опсегот на фискалната консолидација и досегашните структурни реформи, програма за реализација на реформи: развој на инсфраструктура, реструктуирање на јавниот сектор, образование и наука, креативна економија, иновација и стратешки раст, одржлив и инклузивен развој: Луѓето во фокусот – реформа на системот за здравственото образование.

Во текот на 4те денови ќе учествуваат високи државни функционери и влијателни бизнис лидери. Меѓу останатите, учество ќе земат и Линда Ван Гелдер, регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, како и Питер Санфи, заменик директор за економија и политика за земјите при Европска банка за обнова и развој. Првпат на форумот ќе земе учество и Пол Томсен, директор на канцеларијата МMF за Европа и Шарлот Рух, директор на EBRD за Централна и Источна Европа.

Копаоник бизнис форумот во партерство со Mastercard, традиционално е во организација на Сојузот на економисти на Србија и Здружението на корпоративни директори на Србија и е под покровителство на Владата на Република Србија.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски