Забрзани консултации пред средбата на Еврогрупата, Брисел насетува избори во Грција во 2018

Од:

Прото тема – Атина

Грчката влада ги игра последните адути за да постигне договор со меѓународните кредитори на Еврогрупата на 15 јуни.

Во контекст на засилената активност во Атина, францускиот министер за економија Бруно Лемер, имаше средби со својот грчки колега Евклидис Цакалотос и со управителот на централната банка Јанис Стурнарас. Тој беше примен и од грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

Во изјава по тој повод, Лемер рече дека целта на неговата посета е да олесни во договарањето меѓу Атина и нејзините кредитори, за да биде постигнат договор во четврток, кој ќе и овозможи на Грција перспективи, стабилност и развој.

Истовремено, владата во Атина прави се што е можно за да постигне договор и нејзина цел е да донесе решение кое ќе создаде чувсвтво дека се преземаат чекори во насока на толку саканото од неа кратење на државниот долг.

Скриената желба на Атина е решението кое ќе се донесе утре да ја содржи формулацијата кое ќе и го отвори патот на Грција за скорешно приклучување на земјата кон програмата за квантитативни кратења на ЕЦБ.

Експериментот воопшто не е лесен, затоа што се случува во време на категоричното одбивање на Берлин за обезбеување таква можност и на демонстрираната од ММФ склоност да се справи со едно компромисно решение „кое виси во воздух“.

Засега грчката влада ги остави настрана „заканите“ дека ако на средбата на Еврогрупата не биде постигнат задоволително решение, тогаш ќе се бара такво решение на средбата на врвот на 22 јуни и ги вложува сите напори тоа да се случи уште во четврток на средбата на министрите за финансии од еврозоната.

До средбата на врвот, владејачката коалиција планира да побегне само ако договорот кој ќе и се понуди на 15 јуни е полош од тој кој и беше понуден на средбата на Еврогрупата на 22 мај.

За оваа цел, владата ги фокусираше напорите во две насоки – прво, таа сака да го искористи досега направеното пред францускиот предлог за создавање на механизам кој ќе предвидува кратењето на грчкиот долг да биде обврзано со економскиот раст.

И второ, да биде изготвен план за развој кој ќе го помогне заздравувањето на економијата и постигнувањето раст, и да го обезбеди излегувањето на земјата на пазарите во 2018 година.

Грчката влада смета и на поддршката од Европската комисија, која е обидува да изврши притисок врз германската страна да направи чекор назад.

Еврокомесарот Пјер Московиси повика кредиторите да ја прифатат својата одговорност и ангажмани, дека Грција ги одржала своите обврски.

На основа на тоа всушност европските фактори предупредуваат дека Грција ќе биде под постојан надзор. Тие дури предупредуваат дека е потребна и една нова потешка програма, која само една нова „свежа“ коалициска влада би можела да ја оствари.

Кабинетопт на Ципрас се уште може да се надева на едно пријатно изненадување кое ќе му биде претставено на заседанието на Еврогрупата утре, но такво изненадување се уште нема.

Одлуките меѓу европските лидери, но и на министрите за финансии од еврозоната веќе се донесени, и Грицја треба да ги почекат германските избори и средбата на врвот во декември, за повторно да го отвори прашањето за уредување на грчкиот долг.

– Ако грчката влада сака да добие нешто порано, би требало да не се влече и да чека да дојде до германските избори, велат за весникот Прото тема високи претставници од Европската комисија, кои во последно време се обидуваат да дејствуваат како „амортизери“ и да ги прифатат стресовите испорвоцирани од споровите меѓу членовите на кабинетот на Ципрас, било со германскиот минустер за финансии, било со претседателот на ЕЦБ.

Единственото на кое сега министерот за финансии Евклидис Цакалотос може да се надева е во четврток неговите европски колеги да излезат со некаква преформулација која ќе го постави патот на земјата од декември годинава до декември 2027 година.

И таа да вклучува регулативи кои ќе го одложат сервисирањето на грчкиот долг за еден период од 10 до 15 години, но под услов Грција да ги постигне првите буџетски суфицити до 2060 година. Од таа гледна точка, пред декември не може да биде донесено ништо, затоа што и Европа нема да има раководство, велат уште во Брисел.

Затоа што Европа во иднина ќе се раководи од новиот француски претседател и од новото политичко раководство во Германија, кое ќе биде формирано по изборите во септември. И затоа што на средбата на врвот на ЕУ во октомври сеуште нема да има нова влада во Берлин, сите критични одлуки се поместуваат за декември. Но дури и тогаш, прашањето за грчкиот долг нема да доминира на дневниот ред на европските лидери.

Промената на политичкиот декор во Велика Британија принудно ги преместува интересите на Европа кон Стариот Албион, а истовремено виси една сериозна дебата која во даден момент треба да се води во Брисел – за позицијата која Европа ќе а заземе кон Доналд Трамп.

Во последно време, анализите на експерти и на специјални набљудувачи со кои располага Европската комисија во Брисел, а исто и Европската централна банка во Франкфурт, доажаат до еден ист заклучок: во Грција можеби ќе има избори во 2018 година (мандаот на кабинетот истекува во септември 2019 година).

Истите извори кажуваат дека владата сега треба да реши дали да потпише нова програма најкасно до август 2018 година, или ќе ризикува да излезе на пазарите. И покрај подобрените економски показатели, Грција течко ќе излезе самостојно на пазарите во рамките на една година, дополнуваат тие.

Таа одлука ќе биде многу тешка, затоа што новата програма ќе вклучува тешки структурни мерки и длабоки реформи. Таа програма ќе биде толку тешка и толку скапа, што само една коалициска влада или влада со јасен нов мандат ќе може да ја оствари, посочуваат аналитичарите.

Се претпоставува дека ако се дојде до нова програма, преговорите за неа ќе започнат најверојатно во јануари или во март следната година, кога започнува да функционира и договорениот механизам за кратење на расходите.

Во таа смисла, според аналитичарите во Брисел и Франкфурт, Грција од пролетта 2018 година најверојатно ќе влезе во еден неформален предизборен период, а до избори ќе дојде летото, а тогаш главната дилема ќе биде дали земјата треба да прифати нова програма за економска помош или не.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит