Заборавените ситни пари „чинат“ 365 долари годишно

Од:

Истражувањето за потрошувачките навики на компанијата Виза (Visa) откри дека годишно во просек се губат 365 долари, а парите претежно остануваат заборавени или изгубени во автомобилите, во домовите и во канцелариите.

Губењето подразбира и чување на ситни пари во странска валута, кои ги враќаме од одморот или од службените патувања, а кога таа навидум мала количина на пари редовно би ја ставале во штедна касичка на крајот од годината би можеле да купиме 6,5 грама злато.

Истражувањето опфати 5.500 луѓе во Австралија, Индија, Индонезија, Јапонија, Русија, Сингапур, Јужна Африка, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд и Обединетите Арапски Емирати.

Меѓу наголемите светски „губитници“ на ситни пари се Јапонците, дури 337 доалри, кои ги забораваат и не ги искористуваат, додека луѓето во Индонезија се многу поштедливи – тие во домовите губат само 21 долар.

Во автомобилите, во домовите или во канцелариите просечно се губат по 80 долари.

Само еден од пет испитаници странските ситни пари, по враќањето од одморот или службеното патување, го менува во домашната валута.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана