А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Економија

За Владата рецесијата била очекувана

by А1он15/09/2012 - 16:45345
Share0

За Владата рецесијата во Македонија била очекувана , по случувањата во Европа.Министерот за финансии најави и мерки  за да ја ублажи рецесијата.

Добивај вести на вибер

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески  посочи  за Владата во овој период е мајважно да му се помогне на стопанството, да се подобри неговата ликвидност, да се заштитат примањата на вработените и да нема поголеми отпуштања.

„Со ребалансот во мај и јуни го прилагодивме Буџетот, ги задржавме капиталните инвестици на високо ниво со цел преку нив да влијаеме во насока на поддршка на стопанството и навреме обезбедивме две кредитни линии, пред да бидат објавени овие податоци“, изјави Ставрески.

Допрва се очекуваат ефектите од двете мерки, едната која предвидува 100 милиони евра за малите и средните претпријатија и другата со која се обезбедени 11 милиони евра за земјоделските претпријатија.

„ Владата објави и програма за заштита на социјалните категории на населението преку изведување јавни работи, креирање околу 4.000 работни места директно по таа основа и дополнителни работни места преку привремените вработувања во рамки на Агенцијата за вработување, заштита на сите остатанти категории граѓани преку навремена исплата на пензиите, земјоделските субвенции. Тоа е сериозен пакет за мала земја како Македонија“, изјави вицепремиерот.

Ставревски објасни дека сите земји во соседствтоо се во негатива, Словенија има над три отсто пад, Хрватска над два отсто, Франција, Холандија, Шпанија, Италија имаат негативни стапки. Тоа, според него  е причината зошто и македонската економија која целосно е насочена кон европската, во првите два квартала имаше негативен резултат.

 

recesijavlada

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Катерина Ѓуровски05/05/2025 - 10:52

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски03/05/2025 - 16:10

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:48

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

Горан Наумовски28/04/2025 - 12:13

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Горан Наумовски25/04/2025 - 09:19

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Горан Наумовски17/04/2025 - 13:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен