За што може да им служи ТЕЦ Осломеј на кичевци?

Од:

Проектот со наслов Физибилити студија за поврзување на општините Осломеј, Зајас и Кичево со централно греење од ТЕЦ Осломеј се презентираше денеска пред граѓаните на Кичево од Топлификација Скопје.

Студијата имаше цел да им ги претстави на граѓаните можностите на ТЕЦ Осломеј да покрива со топлинска енергија некои села и градот.

Според студијата, предностите на овој проект се зголемен комфор, ослободување вишок простор во објектите со отстранување на старите грејачи, подобри хигиенски услови итн.

kicevotec (1)

Проектот предвидуваинсталирање специфични цевки за водовод со кои ќе се спроведува топлата вода и ќе преминуваат покрај магистралниот пат.

Според статистиките, само градот има потреба од 50М топлинска енергија, но проблемот е во тоа што термоелектраната може да произведува само 10М топлинска енергија.

Присутните не беа задоволни од тоа што беше презентирано и рекоа дека сето ова е само во врска со тоа како да се дојде до централна енергетска топлина во Кичево, а не како тоа да им се помогне најдобро на граѓаните, која е најдобратаопција за нив и како можат селата што се поблиску до термоелектраната да го искористат тоа.Исто така, тие сакаа да знаат ако термоцентралата нема доволни ресурси, како таа може да им послужи на граѓаните кога толку многу го загадува градот.

Беа предложени две стратегии: употреба на мазутот, инвестиција што ќе чини околу четирии пол милиони евра, ќе трае 13,9 години, но ќе биде сèпоскап за граѓаните за да го употребуваат. Другата можност е со јаглен, кој ќе чини околу 13 и полмилиони евра, потребни се околу 30 илјади тони јаглен, ќе заврши за 9,8 години, но ќе ги чини помалку на граѓаните за да го користат.

Според презентерот Димитрија Илиевски, последната опција е подобра и се претпоставува дека ќе биде поуспешна.

Голем број граѓани на Кичево во зима се топлат со дрва, а големдел од нив се незаконски исечени.

Термоелектраната Осломеј во моментов се соочува со недоволно ресурси јаглен и неофицијално се шпекулира дека за неколку години ќе престане да работи.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

Кичевец е осомничен за убиство

Горан Наумовски