За Мерцедес нема криза

Од:

Германскиот производител на автомобили Дајмлер соопшти дека нејзината подружница Мерцедес-Бенц е на патот оваа година да постигне рекордна продажба.

Мерцедес-Бенц во ноември продал повеќе возила од кој било друг ноември до сега. Со продажба од 120.346 автомобили, претходниот рекорд беше надминат за 5,7 отсто “, се вели во соопштението на” Дајмлер”.

Од почетокот на оваа година, “Мерцедес-Бенц” продал вкупно 1.195.000 патнички автомобили ширум светот, што претставува зголемување од 5,1 отсто и е нов рекорд, пренесе агенцијата АФП.

“Во ноември остваривме нова рекордна продажба. До крајот на годинава ќе продолжиме со истиот тренд и на пат сме 2012 година да стане најпродаванагодина во историјата на компанијата”, изјави директорот на “Мерцедес-Бенц”, за продажба и маркетинг Јоахим Шмит.

Додека продажбата во Западна Европа во 11 месеци од оваа година порасна за скромни еден процент, “Мерцедес-Бенц” истовремено во Јужна и Северна Америка, продал 11,4 отсто повеќе автомобили, а во азиско-пацифичкиот регион, 6,6 отсто повеќе отколку во истиот период лани.

Би можело да ве интересира

Доаѓа освежениот Citoren C3

Емир Латифовиќ

GMC отвора 2.600 работни места во Бразил

Емир Латифовиќ

Тојота во 2012 година повторно лидер на автомобилскиот пазар

Ана Ололовска

Шкода започна со изградба на нов центар за тестирање мотори

Емир Латифовиќ

Франција бара воведување контрола на увозот на јужнокорејски возила во ЕУ

Емир Латифовиќ

„Пежо-Цитроен“ ќе укине 8.000 работни места

Емир Латифовиќ