За една недела 882 инспекциски контроли

Од:

Државниот пазарен инспекторат за една недела изврши 882 контроли според повеќе законски прописи. Контролите се извршени во период од 14 до 19-ти овој месец во Скопје, Куманово, Битола, Струга, Гостивар и Штип.

Во Куманово се издадени една  мандатна  казна  по Законот за трговија во износ  од  36.900 денари,  шест решенија  за  привремена забрана за  вршење дејност во  траење  од  30 дена  по Законот за трговија, едно решение со  наредба  за  отстранување  недостаток обезбедување  сертификат  по Законот за  градежни производи, шест платни налози  по Законот за  трговија во износ  од 73.800  денари, одземена е стока  по Законот за  трговија во износ од 86.687 денари. Поднесено е  едно  барање  до Основен  суд Куманово по Законот за  трговски друштва  и една  кривична  пријава  до Основното Јавно обвинителство  во Куманово поради симнување  или оштетување службен  печат  или знак.

Во контролата во Битола издадена е една покана за наплата на глоба во износ од 122.400 денари по Законот за вршење занаетчиска дејност, едно барање до Основен суд по Законот за трговија.
Во Струга една покана за порамнување по Законот за трговија во износ од 61.300 денари, во Гостивар шест платни налози во износ од 7.500 евра, во Штип се направени две постапки за порамнување, еден платен налог по Законот за трговија во износ од по 3.400 евра и еден платен налог по Законот за метрологија во износ од по 5.000 евра.
Во Скопје координирано со  Државниот трудов инспекторат и Државниот  инспекторат за животна средина за време на викендот во соработка со МВР извршени се координирани надзори над работењето на угостителските објекти во делот на лиценци и пречекорување на работното време, при што се донесени решенија за забрана за вршење дејност.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа