За еден месец над 15 илјади патници до новите дестинации на Виз ер

Од:

Над 15 илјади патници за еден месец ја искористиле можноста за патување од Скопје кон една од шесте нови европските дестинации на нискотарифната авиокомпанија Виз ер.

Според податоците на Министерството за транспорт и врски, вкупно 15.565 патници ги искористиле нискотарифните летови на Виз eр за Малме, Дортмунд, Ајндховен, Базел, Тулуз, Минхен и Милано кои стартуваа на 28 октомври годинава, со помош на проектот на Владата на Република Македонија за поттикнување и развој  на  воздушниот  сообраќај  кој се имплементира со цел побрз  развој  на  цивилното  воздухопловство  и  формирање  на поконкурентни  и  подостапни  цени  во  воздушниот  сообраќај, односно овозможување подостапни цени на летовите за граѓаните на Република Македонија на поголем број директни дестинации од Скопје.

Најголем број патници на новите дестинации се регистрирани на летовите за и од Малме (Шведска) – вкупно 2.802 патници и Дортмунд (Германија) – 2.665, кон и од Ајндховен (Холандија) се регистрирани 2.643, Базел (Швајцаија) и Тулуз (Франција) – 2.633, Минхен (Германија) – 2.427 и Милано (Италија) – 2.395.

Виз ер оперира од скопскиот аеродром од јуни минатата година, почнувајќи со лет кон Лондон, а од септември и Венеција. Вкупно досега има превезено 112.244 патници.

По реконструкцијата и модернизацијата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје која заврши во септември минатата година со изградба на нова терминална зграда за пречек и испраќање на патниците, бројот на компании кои оперираат на нови дестинации и бројот на патници континуирано бележи раст. Со имплементирањето на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај се очекува бројот на патници дополнително да се зголеми. Од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје оваа година досега се превезени 830.109 патници што е за 70.181 или 9,2 отсто повеќе од вкупниот број патници кои биле превезени во текот на целата 2011 година.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба

Украина добива нови борбени авиони од Макрон: САД не испраќаат Ф-16, на Зеленски му е доста

Орце Костов

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он