За десет дена откупени над 1.500 тони тутун, просечната цена 186 денари

Од:

За десет дена од почетокот на откупот на тутунот, 15 ноември, четири откупувачи заклучно со вчера преземаа вкупно 1.582 тони од годинашната реколта.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, просечната откупна цена е 186,50 денари по килограм, а според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 34,91 отсто или досега се исплатени 103 милиони денари.

– Според првичните проценки, се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор за откуп потпишаа 10 претпријатија, а крајниот рок за почеток на откупот е 15 декември, информира Министерството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ