Во првата половина од годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4.951.425.000 денари, објави денеска Државниот завод за статистика.
Македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 454.540.000, што е за 203,8 проценти повеќе во споредба со првите шест месеци од минатата година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија и Германија, додека, на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Индија, Швајцарија, Бугарија, Либиска Арапска Џамахирија, Босна и Херцеговина и Словенија.