Претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин ја прифатил неговата молба и дека државата ќе извезува одредена квота од возилата на „Фиат“ во Руската Федерација.
Тој додаде дека е договорен и извоз на млечни производи, од Србија во Русија, што е особено значајно за нивното стопанство.
Српскиот премиер исто така истакна дека Србија и е благодарна на Русија, за тоа што го почитува нејзиниот територијален интегритет и што има разбирање за нејзиниот пат кон ЕУ.
Е. Г.