Втор ден од американско-кинеските економски преговори

Од:

Американски и Кинески високи претставници денеска водат втор ден преговори во обид да избегнат „трговска војна“, три недели пред најавеното стапување на сила на американските увозни царини на алуминиум и челик.

– Разговорите се многу добри, изјави американскиот министер за финансии Стивен Мнучин пред почетокот на вториот и засега, последен ден од преговорите со потпретседателот на Кина, Лиу Хе.

Пекинг и Вашингтон засега многу оскудно информираат за што се преговара.

Во американската делегација се и министерот за трговија Вилбур Рос, троговскиот претставник Роберт Лајтхајзер и главниот економски советник во Белата куќа, Лари Кадлов.

Влоговите се високи, нивната посета е во момент кога Кина е под закана што може да се оствари од 22 мај со нова тарифа од 50 милијарди долари за производи извезени во САД. Кина е подготвена со одгоvори за царини од 50 милијарди долари на производи од САД.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски