Вредноста на еврото падна под 1,1 долари

Од:

Вредноста на еврото на азиските брази денеска падна  под 1,10 долари, како последица на стравувањата на инвеститорите од последиците од грчката криза.

На Берзата во Токио денеска едно евро се менува за 1,0979 американски долари, а во исто време европската валута забележа пад и во однос на јапонскиот јен

Во петокот во Токио, едно евро се менуваше за 1,1160 долари.

Во меѓу време, како што јави ТАСС, претседатлот на Комисијата за европски прашања во германскиот Бундестаг, Гинтер Крихбаум соопшти дека штетите што би ги претрпела Германија при евентуален банкрот на Грција би можеле да достигнат и до 80 милијарди евра.

Според него, во случај на банкрот на Грција, ЕУ најверојано ќе треба да и достави „вонредна хуманитарна помош“ на земјата за да се избегнат социјални немири.

– Сето тоа ја наметнува потребата од одржување вонредни средби, изјави Крихбаум, додавајќи дека германската канцеларка Ангела Меркел за денеска закажала вонредна средба со лидерите на водечките партии во Германија посветена на кризат во Грција.

Би можело да ве интересира

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Путин: Русија 65 проценти од плаќањата со земјите од БРИКС го врши во национална валута

Курсот на еврото во однос на доларот достигна највисоко ниво во повеќе од една година

Доларот ослабе, курсот на еврото над 1,10 долари

Катерина Ѓуровски

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски

Доларот зајакна, цената на нафтата падна