Вработените во „Еурокомпозит“ бараат Владата да каже дали има мерки за нив

Од:

Околу 60 вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ протестирата и бараат одговор од Владата во која категорија спаѓаат и дали некакви мерки ги опфаѓаат.

Роберт Богданоски, претседател на синдикатот во компанијата, нагласува дека сите им велат седете дома, но не знаат од што да живеат зашто пет месеци се без плата, без здравствено осигурување, без работа, а се водат како вработени.

– Целта на протестов е да види Владата дека сѐ уште постоиме. Некој од Владата да излезе и да каже во која група се овие 63 вработени во „Еурокомпозит“. Дали во вработени или невработени и дали, воопшто, некои мерки ќе бидат преземени за нас. Апелираме до Владата – пет месеци немаме земено плата, ниту пак здравствено осигурување. Сите велат да седиме дома, но како да издржиме, нека каже Владата. Преку директорот баравме дали некои мерки не опфаќаат. Тој упатил неколку писма до претставникот на државниот капитал. Оттаму е речено дека барањето ќе биде препратено до вицепремиерот Царовска. Досега нема никаков одговор, вели Богданоски.

Во меѓувреме, се случиле неколку кражби во компанијата зашто не работи чуварската служба.

-Украдени се бакарен кабел и неколку трансформатори од ЦНЦ машини. Штетата е огромна и не може во никој случај да се надомести, иако се фатени крадците. Фирмата се запустува, а никој не преземе нешто. Нашето обезбедување не работи, зашто немаше никави услови, без електрична енергија, тоа беше нагласено од претставникот на државниот капитал, па објектите ги обезбедува полицијата. Наутро обезбедува еден претставник, во втора и во трета смена се по двајца, вели Богданоски.

Во „Еурокомпозит“ останаа 63 работници, откако 154 заминаа како технолошки вишок. Сите со месеци чекаат исплата на заостанатите придонеси за 6,5 години. Иако во октомври парламентот ја изглас аодлуката за исплата, досега нема ништо ефектуирано, а единственото објаснување е дека ќе се решава по изборите.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада