„Волстрит журнал“: Дежаву во спасувачката програма за Грција

Од:

„Повторување на една замрсена историја“ е коментарот на американскиот весник „Волстрит журнал“ за прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд во врска со економскиот раст на Грција.

Весникот нагласува дека главна причина, поради која Фондот упеал да ја одржи „надежната спасувачка програма за земјата е лансирањето на прекумерно оптимистички сценарија“.

ММФ со прогнозата дека Грција следната година, по пет години сериозен пад ќе забележи економски раст даде зелено светло за одобрување на следната транша од спасувачкиот план за земјата.

– За некои тоа сепак е дежа ву, повторување на замрсената историја на грчкиот спас, се наведува во анализата на весникот во врска со извештајот на ММФ за Грција, врз основа на кој земјата ја доби следната транша од меѓународната финансиска помош.

ММФ призна дека првичната програма за спас на Грција од 2010 година била како операција за задржување на процесот, кој и овозможи на еврозоната да се мобилизира против економската катастрофа.

– Сега позитивните прогнози на ММФ ќе одземат неколкумесеци за политиките на еврозоната, отварајќи го патот за итна адаптација на грчкиот долг, пишува весникот.

„Волстрит журнал“ смета дека прогнозите на ММФ за Грција се надвор од целите.

– Во март на пример ММФ оцени дека Грција ќе излезе од рецесија. Реалноста сепак е дека земјата се наоѓа во петта по ред година на рецесија, која теоретски ќе трае уште две години, додава весникот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски