Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Од:

Компанијата „Мета платформс“ од денеска почнува со отпуштање вработени, соопшти извршниот директор Марк Закерберг пред стотици раководители, пишува „Волстрит џурнал“ (WSJ). Според њујоршкиот весник, се очекува да бидат отпуштени неколку илјади вработени, што ќе биде најголемото отпуштање во технолошкиот сектор оваа година.

Весникот, повикувајќи се на извори, додава дека Закерберг се појавил вознемирен на состанокот и рекол дека е одговорен за погрешните чекори на компанијата. Тој рекол дека неговиот оптимизам за раст довел до превработеност.

Лори Голер, менаџерка за човечки ресурси на Мета, рече дека вработените кои ќе останат без работа ќе добијат најмалку четири месеци плата во вид на отпремнина.

Според податоците на Мета, компанијата на крајот на септември имала повеќе од 87.000 вработени.

Најновите случувања доаѓаат откако Твитер отпушти половина од својот персонал од различни тимови – од оние задолжени за комуникаци и курирањето на содржината до оддели за развој на производи и инженерството – откако Илон Маск ја купи компанијата за 44 милијарди долари.

Мешутоа, Блумберг во неделата објави дека Твитер контактирал со десетици вработени кои останале без работа, барајќи од нив да се вратат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марк Закерберг отпушта 11.000 вработени во „Мета“

Анкета: Фејсбук најлоша компанија во светот за 2021 година

Ана Ололовска

За неколку часа богатството на Закерберг се намали за шест милијарди долари

Ана Ололовска

Профитот на Фејсбук поголем за 10 милијарди долари во вториот квартал од лани

Ана Ололовска

Албанскиот претседател Мета се скара со американската амбасадорка

Катерина Ѓуровски

Груби – Мета: Патот на заедничката интеграција во ЕУ мора да заврши успешно