„Војна“ меѓу „Епл” и „Самсунг”

Од:

Борбата за превласт на светскиот пазар за мобилни телефони и таблет компјутери меѓу „Епл” и „Самсунг” се разгорува.

Додека се разгледува тужбата и противтужбата поради наводни кражби на патенти, „Самсунг” ги освојува позициите на „Епл” на пазарот вреден 300 милијарди долари. Ни „Епл” не губи време, за септември најавува промоција на новиот „ајфон”.

„Епл” тврди дека „Самсунг” го копирал дизајнот на нивните популарни „ајфони” и „ајподи” и пред судот бара отштета од две и пол милијарди долари.

„Самсунг“ пак враќа дека пред да се појави „ајфонот“ на „Епл“, тие веќе имале развиено своја генерација на „умни“ телефони.

Малку е веројатно дека која и да е страна ќе однесе победа.

Би можело да ве интересира

Откажан најголемиот саем за мобилни телефони во светот поради коронавирусот

Драган Поповски

Сеавус талент програма за IT операции и поддршка

Ана Ололовска

Заработувачката на Хуавеј Технолоџи се зголеми за 28,1 отсто

Ана Ололовска

Робот диригираше со оркестар на концертот на Бочели во Пиза

Ана Ололовска

Аудио плеер за лица со посебни потреби

Ана Ололовска

Паметниот часовник на „Епл“ наскоро влегува во производство

Емир Латифовиќ