Водовод за туристичката населба на Беровското езеро

Од:

Изградба на водовод и филтер-станица за туристичката населба на Беровското Езеро е новиот проект на Општина Берово, кој според урбанистичкиот план на населбата треба да опслужи околу четири илјади корисници.

Според Ѓорѓи Пеовски од Одделението за локален економски развој во Општина Берово со реализацијата на овој проект би се решил проблемот со водоснабдувањето во туристичката населба, на кој укажувале сопствениците на објектите, но и самите гости.

-Самиот проект за Беровско Езеро ќе опфати изградба на резервоар со филтер-станица со капацитет од 350 м3 и примарна мрежа за водоснабдување во должина од осум километри, преку која ќе биде опфатена целата туристичка населба. Црпењето на водата за филтер- станицата ќе биде од езерото со систем на променливо земање  вода преку потопни пумпи кои ќе бидат спуштени во самото езеро и цевковод до резервоарот во должина од околу 750 метри, истакна Пеовски.

Со овој проект, општината планира да аплицира  на Првиот повик од новата Програма на ИПА  за прекугранична соработка  во партнерство со општина Сандански од соседна Бугарија.

Изработката на техничката документација е од страна на проектантското биро „Енвирон“ од Скопје, а се очекува преку средствата од 500.000 евра да се реализираат двата проекти во Берово и Сандански.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Земјотрес во Берово и околината

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ