Во завршна фаза е буџетот за 2013

Од:

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски на денешната прес-конференција соопшти дека буџетот за 2013 година се очекува наскоро да биде предложен до владата и дека истиот треба да се движи во рамките на буџетот од оваа година.

Министерот изјави дека буџетот ќе биде балансиран од аспект на заштита на социјалните категории и пензионерите, како и обезбедување средства за земјоделците.

-Подготовките за Буџетот за 2013 година течат добро, во завршна фаза се. Направивме разговори во неколку циклуси со сите министерства. Можностите и потребите не се секогаш идентични, но во целина усогласени сме со министрите дека буџетите ќе бидат оптимални, согласно условите во европската економија и криза. Верувам дека буџетот ќе биде поддржан од Владата – изјави Ставрески.

Вицепремиерот истакна дека проекцијата за раст за следната година ќе биде во рамки на прогнозите на ММФ, ЕБОР и Народна банка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Владата да го објави Договорот со „Ѓока“, скандалот со паркингот мора да биде расчистен!

Цел тропски рај на менито на владините функционери, додека работниците немаат ни за банални животни потреби, велат од СДСМ

Левица: Додека народот мисли како да преживее, владиниот врв се гоштева на грбот на граѓаните

СДСМ: Скандалозно е што Мицкоски го штити Изет Меџити при јасни докази

Влада: Не се вистинити наводите на СДСМ и на ДУИ за работата на Министерството за животна средина

Митева: Владата достави предлог за разрешување на Јавниот обвинител

Горан Наумовски