Во второто тримесечје слободни 6.747 работни места

Од:

Во второто тримесечје од годината во Македонија има 6.747 слободни работни места, наспроти 452.291 вработени лица.

Државниот завод за статистика објави дека стапката на слободни работни места изнесува 1,47 проценти.

Најмногу слободни работни места има во преработувачката индустрија (2.118) и во трговијата на големо и мало (1.255), а најмалку во секторот снабдување со електрична енергија и гас и во дејностите со недвижен имот.

Малите компании кои имаат од три до девет вработени лица имаат највисока стапка на слободни работни места, односно 1.893 места.

Гледано по регионите, највисока стапка на слободни работни места има Југозападниот регион, односно 2.50 проценти.

Би можело да ве интересира

Неготинец остана без 77.500 денари, бил жртва на вешт измамник

Стапката на невработеност 12.3 отсто

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески