Во Украина царува хаос, но ситуацијата се уште не е како во Грција

Од:

Форин Полиси – Вашингтон

Грција не е единствената европска држава која балансира на работ на банкрот. Постои веројатност во следните неколку седмици и Украина да биде принудена да објави дека не е во состојба да плаќа дел од долговите кон приватни странски кредитори. Ако кредиторите не се согласат со предложеното преструктурирање, извесно е дека украинската Влада може да ја избере таа варијанта.

На прв поглед изгледа дека ситуацијата во двете земји е многу тешка. Но, ако погледнеме одблизу, можеме да забележиме сериозни разлики. Грчкиот банкрот (и наближувачката финансиска катастрофа) е предизвикана од паника и од популистичкото отфрлање на какви било и да се обиди да се дојде до договор со Европа, каде скептицизмот се повеќе расте.

Од друга страна, фактичката неспособност на Украина да ги исплати кредиторите и се понатрупаните долгови е доволно за жалење, но земјата сепак продолжува по патот на финансиско задравување.

Станува збор за долгови кои Украина ги има не кон ММФ, и не кон Европската централна банка, туку кон група на приватни кредитори. ММФ се согласи со владата во Киев дека должничкото бреме што достигна 95 проценти од БДП на земјата, е нерелно и дека приватните кредитори треба да прифатат двојно да го намалат неисчистениот долг.

Се разбира, засега тој предлог не наоѓа на посебен одзив и сочувство меѓу т.н. комитет на кредиторите, кој беше создаден за да се водат преговори со украинското раководство. Во тој комитет се влезени претставници од „Френклин Темплтон“ и од уште четири инвестициски фирми, кои им наметнуваат на украинските државјани обврски со високи камати затоа што добиле гаранции за време на управувањето на претходниот проруски претседател Виктор Јанукович, кога неговата Влада активно ја купуваше народната поддршка со галантно раздавање.

Благодарение на посредничките напори на ММФ, украинската Влада и комитетот на кредитори конечно ги започнаа преговорите за преструктурирање на долгот. Но, многу е веројатно дека овие разговори нема да доведат до потпишување на договор до 24 јули, кога Украина треба да им ги исплати побарувањата на приватни лица кои се сопственици на нејзините државни обврзници, во износ од 120 милиони долари.

Украинската Влада не сака да посега по скромните девизни резерви (кои изнесуваат само девет милијарди евра, и кои можат да гарантираат едвај три месеци живот на земјата) за исплати, стравувајќи дека тоа негативно ќе се одрази на на нејзиниата способност да прави интервенции во девизниот пазар, со цел да ја поткрепи ослабената национална валута – гривњата.

На прв поглед може да ни се чини дека очајната економска ситуација во Украина е сосема логична и плодна почва за популистички бунт против странските инвеститори во грчки стил. За минатата година, реалниот приход е намален за 24 проценти. Инфлацијата експлозивно тргна нагоре (и изнесува 46 проценти на годишно ниво), а платите сериозно заостануваат. Официјалните бројки за невработеноста се околу 10 проценти, и тоа е највисокото ниво на тој показател во последните 15 години. При сето тоа, иако падот на економијата е девет проценти за оваа година, нема никакви сигнали дека Владата има намера да отстапи од прифатените аранжмани за исполнување на своите макроекономски реформи.

За разлика од сегашната влада во Атина, Киев на секој начин ја потенцира својата желба да ја реформира земјата и да и ја врати финансиската благосостојба.

– Украина не е Грција, изјави заменик-гувернерот на украинската централна банка, дополнувајќи дека неговата земја редовно ги исполнува обврските кон меѓународните финансиски институции.

При неодамнешната посета на Вашингтон, украинскиот заменик-министер за финансии даде уште подиректно објаснување. Тој рече дека Украина „демонстрира добра волја за спроевдување на реформи, за разлика (со саркастична насмевка) од популистите во Атина“.

Нешто што е исклучително важно – украинските политичари му го кажуваат истото и на народот. Одговарајќи на прашање за надвиснатиот банкрот, повеќето украински пратеници кои ја подржуваат владината коалиција, ги занемаруваат ризиците или го омаловажуваат нивното значење. Мнозина брзаат да одбележат дека дури и ако Украина се откаже да им се оддолжи на приватните кредитори, сепак останува исклучително важна финансиската подршка од ММФ благодарение на која таа ќе ги врзе двата краја. Таков ограничен „технички банкрот“, тврдат тие, не значи целосно откажување на Украина да стави ред во своите внатрешни финансии. Во целина, украинците ги прифаќаат таквите изјави.

Се разбира, многу луѓе во земјата не се задоволни и ако се има предвид колку се сериозни економските тешкотии, поинаку и не може да биде. Најновите истражувања на јавното миселње покажуваат дека две третини од Икраинците сметаат дека земјата им се движи во погрешна насока. По парламентарните избори во есента минатата година, нивото на поддршка на премиерот Арсениј Јацјенук, кој го опиша својот Кабинет како „камиказе влада“, драстично опадна.

Но, за разлика од Грција, разочарувањето не се прелива во негативна реакција меѓу самите странски инвеститори. Во анкета од март се дозна дека повеќето Украинци позитивно ја оценуваат ММФ, а не негативно.

Популистичките политички сили прават се што е можно за да грабнат парче од избирачката торта во предвечерјето на локалните избори, кои се закажани за есенва. Отворено или прикриено тие ги критикуваат ММФ и реформите, на кои фондот беше иницијатор. Лидерот на Радикалната партија, Олег Лјашко, исклучително енергично го критикуваше неизбежното поскапување на цената на гасот.

Поранешниот премиер Јулија Тимошенко негодуваше поради обезвреднувањето на гривњата. Незадоволството кај населението се експлоатира дури и од остатоците на Партијата на регоионите на Јанукович, заради економската нестабилност која ја доведе земјата до сегашната криза.

Последните испитување всушност покажуваат дека рејтинзите на тие партии веќе се мерат со едноцифрени борјки. Иако заморени од продолжувањето на војната со Русија и од економскиот хаос во земјата, украинците немата доверба во политичарите кои им предлагата брзо решение на сложени проблеми.

Наместо тоа, мнозинството од граѓаните на Украина претпочитаат да застанат на страната на оние лидери кои отворено и чесно зборуваат за економските проблеми за земјата, а не се расфрлаат со популистички ветувања, како што го прави тоа грчката Сириза.

Министерката за финансии на Украина, Наталија Јареско, која е родена во Чикаго, веројатно е една од малкумината раководители кои го разбираат тоа. Дури и кога тврди дека останува на мерките за строги финансиски штедења, таа е меѓу малкумината министри кои средствата за масовно информирање и социјалните мрежи не ја критикуваат остро.

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам