Во Тетовско затворени 17 објекти поради неиздавање фискални сметки

Од:

Седумнаесет објекти во Тетово и Гостивар се затворени поради неиздавање фискални сметки. Изречена им е и парична казна во висина од 3.250 евра во денарска противвредност.

При контролите спроведени од страна на Управата за јавни приходи во 35 објекти во овој регион утврдено е и дека девет од нив воопшто не се регистрирани за даночни цели. Тие се упатени на едукација во Управата за јавни приходи и имаат обврска во рок од пет дена да се регистрираат бидејќи во спротивно ќе се соочат со парични казни и затворање.

УЈП најавува дека ќе продолжи со борбата против фирмите што не плаќаат данок.

Би можело да ве интересира

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Дефект на трафостаница во Тетово, без струја околу 5000 корисници

Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година

24-годишно момче од Тетово си го истепа три години постариот брат

Сојузот на борци преку отворено писмо бара да нема промена на имиња на улиците во Тетово

А1он

Одбележани 24 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски