Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Од:

Повисоки цени, стандардизирање на производството на тутун на 20 000 до 22 000 тони, измени во Законот за тутун за забрана на увоз на ароматичен тутун и без согласност на Сојузот на тутунските здруженија да не може да се договараат цени, се дел од барањата на Сојузот во преговорите што ги почна со откупувачите за новата реколта тутун.

Преговорите се одвиваат со посредство на Министерството за земјоделство.

-Преговорите и договорите на работната група што ја иницираше министерот за земјоделство Трипуновски се во тек. Ги добивме понудите на откупувачите за нови цени зашто нема да прифатиме договори за новата реколта без цените да бидат повисоки од сегашните. Ќе ги разгледаме нивните понуди, ќе им одговориме со нашите предлози и се треба да заврши до четврток. Пред да заврши откупот на тутунот, и законски, на крајот на февруари, откупувачите не смеат да нудат и да склучуваат нови договори со тутунопроизводителите, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија.

Договарањата за новата реколта ќе влијаат и на новото тутунопроизводство.

-Очекуваме новата производствена година да донесе околу 20 000 до 22 000 тони тутун. Нема да отстапиме од барањето за повисоки цени. Има интерес за производство. Сакаме да останат цените по класи и да се цени реално тутунот за да има исплатливост и за откупувачите и за тутунарите.

Инаку, досега се откупени 24 163 тони тутун од ланската реколта, речиси сиот во прва класа која е 400 денари.

-Законски, откупот завршува на 28 февруари. Има за откуп уште 30 до 40 тони. Откупувачите нагласија дека ќе купуваат сув, а нема да го прифатат влажниот тутун, рече Ристески.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски