Во Србија и Италија почнува продажбаta на Фиат 500 L

Од:

Во Србија и Италија започнува продажба на нови модели на Фиат 500 L, кои се произведени во Крагуевац. Во зависност од опремата, на српскиот пазар, ќе чини od 13.490 до 18.690 €.

Понудата вклучува лепеза од 11 бои и вкупно 333 комбинации со кои клиентите, ако сакаат, можат да го персонализираат автомобилот. Најевтиниот модел, со Еуро 6 бензински мотор со 95 коњски сили и шест-брзински менувач, во Србија ќе чини 13.490 €. Компанијата ФАС планира следната година да произведе помеѓу 140 и 160 илјади автомобили.

Првиот клиент на новиот Фиат, еден ден пред официјалниот почеток на продажбата, беше српскиот министер за финансии и економија, Млаѓан Динкиќ. Автомобилот беше купен на кредит, на пет години отплата.

Фиат 500 L е ексклузивен модел на италијанската компанија создаден во фабриката Фиат Автомобили Србија (ФАС) во Крагуевац, заеднички проект на српската влада и Фиат. Државата во ФАС има 33 отсто, 67 отсто и припаѓаат на Фиат. Фабриката во Крагуевац во 2013 година ќе почне со производство на Фиат 500 L со седум седишта, а ќе биде плансиран и на пазарот во САД.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on