Во Штип пријавени над 500 стечајци

Од:

Над 500 лица од Штип се запишаa на списокот како стечајци кои останале технолошки вишок од државните претпријатија.

Кемаладин Арсланов од Здружението на стечaјни работници „Унит“, на денешниот состанок во преполната сала на Советот на Општина Штип ги информираше дека до петок мора да ја достават целокупната документација со која ќе докажат дека имале непрекинат работен стаж во времетраење од 15 години во една државна фирма.

– Наше е да ги доставиме барањата и да евидентираме колку сме. Понатаму Комисијата ќе одлучува кои ги исполнуваат условите, кои се од општествени претријатија. На тие од приватните фирми и рековме да не поднесуваат, рече Арсланов.

Стечајците велат дека премногу долго трае нивната агонија. Не знаат повеќе како да сврзат крај со крај, а многумина од нив се и со нарушено здравје и со наталожени долгови.

– Да ни дадат некој денар барем да се лекуваме и сметките да ги платиме, рече 52-годишната Сузана Георгиева, стечајна работничка.

Стечајната маса во Штип ја чинат поранешни работници на големи комбинати како што беа „Македонка“, „Астибо“, „Метална“, „Алумина“ ЗИК „Црвена Ѕвезда“ и „Макпромет“.

Би можело да ве интересира

Со закани изнудиле 500 евра, запалиле автомобил – притвор за двајца штипјани

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Со „југо“ удрил во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот

33-годишен маж од Штип во напуштен објект ја убил својата вонбрачна партнерка

Горан Наумовски

Запалено возилото на поранешниот началник на СВР Штип

Катерина Ѓуровски

Штипјанец ги нападнал членовите на неговото семејство