Во септември пораснале трошоците на живот и цените на мало, споредено со лани

Од:

Трошоците на живот во септември годинава во однос на претходниот месец бележат намалување од 0,2 отсто, а во однос на септември лани зголемување од 1,9 отсто.Цените на мало пак во септември годинава во однос на претходниот месец имаат намалување од 1,1 отсто, а во однос на септември лани зголемување од еден отсто, објави Државниот завод за статистика.

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4,5 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 3,5 отсто, медиумите за снимање за 3 отсто, информатичката опрема за обработка на податоците за 1,2 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,1 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,6 отсто, мебелот и покуќнината, големите електрични апарати за домаќинствата, градините, растенијата и цвеќињата за 0,5 отсто, теписите и другите подни покривки за 0,3 отсто, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,2 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 4,7 отсто, месото за 1,1 отсто, виното за 1 отсто, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,7 отсто, маслото и маснотиите за 0,6 отсто, лебот и житата за 0,4 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,2 отсто.

Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај книгите за 1,6 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 1,1 отсто, облеката за 1 отсто, обувките за 0,9 отсто, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,6 отсто, фризерските салони и центрите за разубавување, другите лични предмети за 0,5 отсто, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,4 отсто, моторните возила за 0,3 отсто, другите медицински производи за 0,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5 %, а цените на мало за 3.8 %

А1он

За да го помине ноември, на едно семејство му требаат најмалку 62 илјади, ако нема кредити и кирија

Катерина Ѓуровски

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Трошоците на живот во септември на годишно ниво повисоки за 2.6, а цените на мало за 3.3 отсто

Владата нема да интервенира со ограничувања на цените: Не е наша политика да се одржува зголемена и вештачки набилдана јавна потрошувачка

Катерина Ѓуровски

Трошоците на живот во јули на годишино ниво повисоки за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %