Хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“, кои го сочинуваат Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“ во првото тромесечие од годинава прозведени се околу 70 милиони киловатчасови електрична енергија, што претставува 15 отсто реализација на годишниот план.
Тоа, оценуваат надлежните од ЕЛЕМ, поради релативно неповолната хдрологија во извештајниот период. Состојбата, посочуваат, секојдневно се подобрува и акумулациите се со исполнетост од околу 50 насто.
– Во ХЕ „Шпилје“ во периодот јанари-март произведени се над 41 милион киловатчасови електрична енергија, што е 15 отсто од годишниот план, кој е проектиран на 275 милиони квч. Во моментот дотекот изнесува 40 кубни метри вода во секунда, а има резерва во акумулацијата за произвдство на 20 милиони квч., велат од ЕЛЕМ.
Годишниот производствен план на ХЕ „Глобочица“ е проектиран на 184 милиони квч, а прозведени се над 28 милиони. И во акумулацијата на оваа хироелектрана има резерва на вода за производство на околу 20 милони квч.
Како резултат на навремено реализираните ремонти и ревизии на електормашинската опрема, хидроелектраните се подготвени да ги прифатат и преработат сите количини на вода кои се очекува да се слеат во акумулациите од топењето на снегот во планините и дождовите, кои се вообичаена појава за пролетниот период.
Инаку, лани како резултат на поволната хидрологија „Шпилје“ на системот му испорачал 355 милиони киловатчасови електрична енергија, што претставува поголемо производство од планираното за околу 29 проценти. ХЕ „Глобочица“, пак, произвела 234 милиони квч, што значи 23 отсто поголемо производство од планираното за календарската 2016 година.