Во првото полугодие за 1,4 отсто пониска просечната малопродажна цена на струјата

Од:

Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од 2019 година е 4,770 денари по киловат час, што е за 1,4 отсто помалку во споредба со второто полугодие во 2018 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност (ДДВ) за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3,612 до 7,495 денари по киловат час по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена, пак, на природниот гас за домаќинствата изнесува 38,783 денари за нормален кубен метар.

Просечната цена на природниот гас без ДДВ за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 19,452 до 28,910 денари за нормален кубен метар по групи потрошувачи.

Би можело да ве интересира

Левица нема да го поддржи законот за енергетика поради зголемената либерализација

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час