Во Куманово уште 23 невработени добија грант преку мерката за самовработување

Од:

Уште 23 невработени лица од Куманово, добија грант од 3.000 евра во денарска противвредност преку мерката за самовработување со неповратни средства.

Овие лица, како што информираат од Центарот за вработување, деновиве ќе ги регистратираат фирмите во Централниот регистар, а потоа ќе може да ги користат овие средства.

– Оваа е втора група невработени лица кои добија грант за отворање нови фирми. Мерката самовработување со неповратни средства во првата фаза во јануари годинава ја искористија 46 невработени лица, што значи дека оваа година ќе има околу 70-тина нови фирми отворени преку оваа мерка, вели Младена Јаќимовска од Центарот за вработување Куманово.

Од Центарот ги повикаа заинтересираните да аплицираат и за проектот кредитирање на правни субјекти односно микро и мали претпријатија за отварање нови работни места.

– Оваа година условите за аплицирање се олеснети, бидејќи може да аплицираат фирми со само еден вработен, така што очекуваме зголемена заинтересираност за користење на оваа мерка која нуди кредит од 3.000 евра за новоотворено работно место со само еден процент камата, грејс период од една година и рок на отплата две години, вели Јаќимовска.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра