Во кипарските банки останаа заробени српски милијарди

Од:

Официјални податоци за износот на депозити на српски државјани и фирми на Кипар, се уште нема.

Се претпоставува дека во банките во Кипар се блокирани од пет до осум милијарди евра, на граѓаните на Србија, пишува „Блиц“.

Сите пари ќе останат заробени се додека парламентот не донесе решение дали ќе се усвои или не одлуката за оданочување на сите депозити во кипарските бизнис банки.

-Сите банки на Кипар се затворени, бидејќи граѓаните започнаа масовно да ги подигаат своите заштедени пари. Тој процес не можат да го издржат ниту најсилните економии. Никој не знае што ни претстои – изјави српскиот државјанин, Милан Гловацки кој веќе десет години има слаткарница во центарот на Никозија.

Секретарот на Здружението на банките на Србија, Верољуб Дугалиќ порача дека би требало Србија да им помогне на граѓаните, кои треба да го објаснат потеклото на парите и причината зошто ги чуваат во друга држава, бидејќи тоа е против законот.

Сега е добра можност да им покажеме дека ние сме хумана дажава, која сака да помогне -изјави Дугалиќ.

НБС нема статистички податоци, поради тоа што според Законот за бизнис граѓаните не можат да отвараат сметки во странство, па со самото тоа ниту да прават заштеди во некоја европска држава.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он