Во Кичевско разоткриени продавачи на фалсификуван мед

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на засилените активности за прекинување на синџир од производители, дистрибутери и продавачи на фалсификуван мед, разотрки индивидуални лица и компанија од Кичевско кои продавале фалсификуван производ.

Инспекциските служби во координирана акција со припадниците на Министерството за внатрешни работи, по претходна дојава од граѓанин, на патниот правец Кичево-Другово, деновиве во две возила, пронашле 240 тегли фалсификуван мед, кои според планираното требале да се продаваат на патниот правец Кичево – Охрид.

Како што се наведува во соопштението од Агенцијата, од запленетите количини, земени се мостри за анализа, а по добивањето на резултатите, против сторителите на овој прекршок, ќе бидат поднесени соодветни пријави и ќе им се изречат казни согласно Законот за безбедност на храната.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство  утврдија неправилности и кај компанија од Кичевско, која на истиот патен правец, спротивно  на одредбите од Законот за безбедност на храната (Службен весник бр. 157 од 2010 година),  продавала фалсификуван мед. И во овој случај, се наведува, станува збор за небезбедна храна, несоодветно декларирана како “Кралска храна” и  “Љубовен еликсир”,  со лажни знаци на  мед, која спротивно на член 29, став 1 и 3, од  истиот Закон, се продавала без соодветно да е означена. По извршената инспекциска контрола од страна на официјалниот ветеринар, земени се мостри за анализа, а    фалсификуваниот мед е одземен и повлечен од промет.

– Со ваквиот начин на продажба на небезбедни производи, оваа компанија свесно ги доведувала потрошувачите во заблуда дека купуваат мед, иако со лабораториските анализи извршени во акредитирана лабораторија, е потврдено дека не станува збор за мед. На компанијата и се изречени мерки и санкции согласно одредбите од Законот за прекршоци и од Законот за безбедност на храната, наведуваат од Агенцијата.

Воедно, се повикуваат граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на медот, да ја пријават на инспекциските служби во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Би можело да ве интересира

Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски

Аферата во Украина: Се збогатија купувајќи храна за војската, купија хотели во Хрватска

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски