Во јули зголемен бројот на работници во индустријата

Од:

Бројот на работници во индустријата во јули е зголемен за 2,6 проценти во споредба со јули минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според статистичките податоци, зголемен број на работници има во секторот Рударство и вадење на камен за 0,3 проценти и во секторот Преработувачка индустрија за 3 проценти, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација забележано е намалување за 0,3 проценти.

Гледано по главни индустриски групи, пораст на бројот на работници има кај Енергија, Интермедијарни производи, освен енергија, Капитални производи и Трајни производи за широка потрошувачка, додека опаѓање е забележано кај Нетрајни производи за широка потрошувачка.

Во периодот јануари – јули бројот на работници во индустријата е зголемен за 1,1 процент во споредба со истиот период лани.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата