Македонија во јануари годинава вкупно потрошила 903.598 мегават часови електрична енергија, 29.699 милиони нормални метри кубни природен гас, 494.898 тони јаглен и 73.627 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 71,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 97,1 процент од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.