Во Хрватска годинава 14,4 милиони туристи и 82,6 милиони ноќевања

Од:

Од почетокот на годинава, според податоците на eVisito, во Хрватска имало 14,4 милиони туристички доаѓања и 82,6 милиони ноќевања, што е зголемување за 42 отсто на доаѓања и 28 отсто на ноќевања во однос на минатата година.

Споредено со рекордната 2019 година, овие податоци претставуваат 90 отсто од резултатите во доаѓањата и 96 отсто од резултатите во туристичките ноќевања, објави денеска Хрватската телевизија.

Најмногу ноќевања досега се остварени во округот Истра и Сплитско-Далматинската жупанија, Кварнер, Задар и Дубровничко-неретванската жупанија.

Најмногу туристички ноќевања се реализирани во Ровињ, Дубровник, Пореч, Медулин, Умаг и Сплит, додека најмногу ноќевања досега оствариле гости од Германија, Хрватска, Словенија, Австрија и Полска.

Во Хрватска во моментов престојуваат 943.000 туристи, од кои околу 846.000 се странски.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби