Во Франција во вториот квартал отворени 81.400 работни места

Од:

Бројот на работните места во Франција, вклучително и во прекуморските департмани и територии, се зголеми за 0,3 отсто во периодот април-јуни годинава, што претставува 11 квартал по ред на зголемување на бројот на работни места, јави дописникот на МИА од Париз.

Според францускиот Национален институт за економски и статистички студии, во вториот овогодишен квартал во француската економија се отворени 81.400 нови работни места, од кои 76.800 се во приватниот сектор, што е раст за 0,4 отсто, и 4.600 во државниот, пораст од 0,1 проценти.

Во вториот квартал вработувањето продолжило да се намалува само во индустријата и тоа за 2.800 работни места или 0.1 отсто, додека во градежништво се регистиррани 4.800 нови вработување, што претставѕва пораст за 0,4 проценти. Во услужниот сектор има 67.000 нето нови работни места, што претставува квартален раст од 0.6 отсто, пред се благодарение на привремените сезонски вработувања.

Во периодот од јуни 2016 до јуни 2017 во Франција се отворени 303.500 работни места, што претставува пораст од 1,2 проценти, од кои 276.300 се во приватниот сектор и 27.200 во државниот.

Во посебна изјава, Централната агенција за социјално осигурување, објави раст на просечната плата по глава на жител во Франција од 0,4 отсто во вториот квартал и од два проценти на годишно ниво. Темпото на раст на платите е повисоко од стапката на инфлацијата која изнесувала 0,1 проценти во вториот квартал и 0,7 отсто во текот на една година.

Би можело да ве интересира

Двајца полицајци застрелани во Париз откако маж украл пиштолот

Горан Наумовски

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор