Во Дебар за самовработување со неповратен грант аплицирале 20 невработени

Од:

На првиот од двата повика за годинава, за отворање сопствен бизнис со неповратен град, во Центарот за вработување во Дебар аплицирале 20 невработени лица.

– Станува збор за невработени лица од општините Дебар и Центар Жупа, кои сакаат да почнат свој бизнис. Ако се има предвид дека станува збор за мали општини бројката е повеќе од задоволителна, вели Афет Авмедоски, раководител на Центарот.

Со овој оглас, додава тој, за разлика од минатата година, кога износот беше 3.200 евра, лицата кои сакаат да отворат сопствен бизнис ќе добијат 4 илјади евра неповратна поддршка, во вид на опрема, материјали и експертска помош.

– Оваа мерка, која е дел од Оперативниот план за вработување на Владата на Република Македонија, почна да се спроведува од 2007 година. Заклучно со минатата година во општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарскиот центар, регистрирани се околу 200 фирми и реализирани над 250 вработувања. Од вкупниот број фирми над 90 насто успешно функционираат, вели Авмедоски.

Благодарение на мерките од Оперативниот план на Владата за поттикнување на вработувањето, посебно тука проектот „Македонја вработува“,преку чии поволности се остварени околу 370 нови директни вработувања,додава Авмедоски, преполовен е бројот на лицата кои се во евиденцијата на невработени.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион