Во бугарската Амбасада во РС Македонија беа потпишани договори за грантови за 16 проекти

Од:

Шеснаесет проекти во Република Северна Македонија насочени кон развој на граѓанското општество, медиумски плурализам, соработка во областа на културата, подобрување на квалитетот на здравствената заштита, образованието ќе бидат финансирани од бугарската официјална развојна помош, соопшти МНР на Бугарија, јави БТА.

Во Бугарската амбасада во Република Северна Македонија беа потпишани договори за грантови за реализација на 16 проекти во вкупна вредност од 927.267 лева. Проектите се насочени кон развој на граѓанското општество, медиумски плурализам, подобрување на квалитетот на образованието, подобрување на квалитетот на здравствената заштита, вклучително и за семејствата со загрозени деца, соработка и поврзаност во областа на културата и други.

Корисници на помошта доделена на Република Северна Македонија се невладини организации и претставници на локалната самоуправа. Изборот на проекти е во согласност со задачите на бугарската надворешна политика, меѓу кои се зајакнување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и стимулирање на социо-економскиот развој на земјите партнери.

Потпишаните договори за проекти се во рамките на одлуката усвоена претходно овој месец од страна на Советот на министри за доделување грантови за финансирање проекти во Република Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Украина, Молдавија, Грузија, Ерменија, Азербејџан, Виетнам, Ирак, Јордан, Либан, Мароко, Тунис, Намибија, Ангола, Нигерија.

Би можело да ве интересира

(ИНТЕРВЈУ) Коста Петров: Само на последниот повик „Стартапувај“ ангажирани се над 250 луѓе со просечна плата од 36.000 денари

Маја Илиевска-Пачемска

ОБСЕ ги објави 11-те добитници на мали грантови за поддршка во време на КОВИД-19

Ана Ололовска

ВИДЕО: Со европски пари си правеле партиски собир, ВМРО-ДПМНЕ негира, но ќе докажеле после избори

Грантовите од Фондот за иновации 10 месеци во предистрага, сослушани 80 стручни лица

Маја Илиевска-Пачемска

Грант од 1,2 милиони швајцарски франци за 12 проекти за рамномерен регионален развој

Ана Ололовска

Презентација на Инструментот за кофинансирани грантови во Струмица

Ана Ололовска