Во Британија повторно работат поголемиот дел од продавниците затворени во март

Од:

Голем број продавници во Велика Британија кои продаваат артикли кои не се најпотребни, денес се отворени за првпат од март, кога беа воведени рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирусот.

Купувачите се придржуваа до правилото за физичка дистанца, што беше еден од условите за безбедно отворање на продавниците. Но, кабините во продавниците за облека и понатаму се затворени, по налог на здравствените власти.

Компаниите очекуваат намален број на купувачи во своите продажни објекти, а голем број луѓе што се собраа пред една продавница на „Епл“ во центарот на Лондон, рекоа дека дошле за поправка или за враќање на производи што ги купиле претходно.

Во Велика Британија забележани се безмалку 300.000 случаи на Ковид-19, од кои речиси 42.000 починале.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот