Во август годинава се издадени 140 одобренија за градење што е за 48,5 проценти помалку во однос на август лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.976.960.000 денари што е за 5,9 проценти помалку споредено со август минатата година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 91 (65 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 18 (12,9 објекти) за нискоградба и 31 (22,1 процент) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 140 објекти, кај 96 (68,6 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 44 објекти (31,4 проценти) деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 218 станови, со вкупна корисна површина од 18.906 метри квадратни.