Во Аргентина рекордна инфлација од 94,8 отсто

Од:

Аргентина забележа инфлација од 94,8 отсто, што е највисока во таа земја по 32 години и една од највисоките стапки на инфлација во светот во 2022 година.

Сепак, декемвриската стапка од 5,1 отсто покажува релативно забавување во последните месеци. Ценовниот показател за декември објавен синоќа од Националниот институт за статистика покажува тенденција на намалување на инфлацијата од месечниот врв од 7,4 отсто во јули, потоа 6,3 во октомври и 4,9 отсто во ноември.

Инфлацијата во Аргентина во 2021 година беше 50,9 отсто, а по минатогодишниот пораст, владата очекува оваа година да ја ограничи на 60 отсто и врз таа проекција го заснова државниот буџет.

Претходниот рекорд беше во 1991 година, со неколку последователни годишни стапки на инфлација над 100 проценти. Таа година го означи крајот на циклусот на хиперинфлација над 1.000 отсто.

Аргентина, третата по големина економија во Јужна Америка, е заглавена во хронична двоцифрена инфлација во последните 12 години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Левица: При инфлација и социјална несигурност владата зголемува буџет за војни на 3% од БДП

Горан Наумовски

Минималната сума за преживување на месецот пораснала 100 евра за една година

Катерина Ѓуровски

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите