Во април издадени 259 одобренија за градење

Од:

Во Македонија во април годинава се издадени 259 одобренија за градење, што е за 13,6 проценти повеќе во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.585.751.000 денари што е за 18,8 проценти повеќе во однос на април минатата година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 159 (61,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 50 (19,3 проценти) нискоградба и 50 (19,3 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 259 објекти, на 154 (59,5 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (40,5 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 919 станови со вкупна корисна површина од 70.571 метар квадратен.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он