Индустриските претпријатија во земјава во 2015 година вкупно зафатиле 4,282 милијарди метри кубни вода, а најголемо учество од 99,4 отсто имал секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според податоци на Државниот завод за статистика, најголемото количество на водата за снабдување на претпријатијата, дури 49 отсто потекнува од површински води, а од вкупно испуштените води, пречистени се само 0,4 проценти.