ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги излажа земјоделците – 20.000 тони слива пропаѓа, илјадници семејства едвај ќе ја преживеат годината

Од:

„СДСМ ги излажа земјоделците. Зоран Заев ветуваше дека кога ќе дојде на власт откупот на земјоделските производи ќе биде загарантиран, а откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи. Сега нема само што не се тепаат кој повеќе да откупи, туку целото земјоделско производство скапува по нивите, а земјоделците не знаат како ќе преживеат.

20.000 тони слива скапува по нивите, а власта не презема ништо. Илјадници семејства чиј единствен извор на приходи е производството на слива не знаат како ќе ја преживеат годината.

Неодговорно и недозволиво е илјадници семејства да патат и да бидат жртва на неспособноста на Николовски и Заев. Над 20.000 тони слива ќе пропадне, затоа што власта навремено не интервенирала. Илјадници семејства едвај ќе ја преживеат годината.

Власта наместо да пушта бледи соопштенија треба да ја гарантира цената на сливата и истата не смее да биде под 12 денари за килограм, само така производството ќе биде рентабилно.

Доколку ништо не се преземе во најкраток можен рок илјадници земјоделци ниту ќе можат да ги покријат трошоците за производство, ниту ќе имаат пари за годината која следи, ниту за да го продолжат производството, ниту за да преживеат.

СДСМ е временска непогода за земјоделието. Земјоделците нема каде да го продадат својот род, немаше откуп за доматите, бостанот, праските, пченицата, а сега и за сливата. Земјоделците се понижени и доведени на раб на егзистенција. Ова мора да запре. Земјоделецот не смее да биде понижуван, земјоделецот заслужува достоинствен однос. СДСМ мора да си замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Унијата

Катерина Ѓуровски

Филипче: Нема да бидеме параван на пропаднатите политики за ЕУ на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа