ВМРО-ДПМНЕ: Задолжувањата помали отколку во времето на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли како лажни обвинувањата на СДСМ за задолжувањето потенцирајќи дека денес долгот на државата е 30 проценти, за разлика од времето на СДСМ кога изнесувал 38 проценти.

Заменик координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Китановски на прес-конференција посочи дека во периодот од 2013 до 2020 година ќе треба да се отплаќаат кредити во износ од 459,1 милион евра земени за време на владеењето на СДСМ.

– Во два мандати опозициската СДСМ ја има задолжено Република Македонија за една милијарда и 565 милиони евра. Значи милијарда и пол долг, пари на граѓаните, кои никој не знае каде отишле. Во 2005 година тогашната влада на СДСМ издаде еврообврзница од 150 милиони евра, пари кои повторно треба да ги врати оваа Влада. Во време на СДСМ се земени 7 заеми за буџетска поддршка, како овој што мина денеска на Собрание, во вредност од 357 милиони евра, истакна Китановски.

Додаде дека во периодот од 2007 до 2012 година се отплатени вкупно 367,5 милиони евра за кредити кои ги има земено СДСМ во периодот од 1992-98 година и од 2002-2006 година.

– Наместо да режира грчко сценарио, СДСМ подобро да се обиде да објасни каде се парите на граѓаните, рече Китановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Стојаноска: Со платформата 1198 како идна влада ќе имаме широк дијалог со синдикатите и жестока борба со корупцијата

А1он

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он