ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема план, фијаското во економијата е потврдено и од Светската банка

Од:

„Фијаското во економијата е потврдено и од Светската банка. Тие прогнозираа најбавен и најнизок раст од сите економии во регионот со само 1.5 отсто. Заев на конститутивната седница во Собранието пред 6 месеци најави раст од 5 отсто секоја година и како што фактите говорат вети и излажа. Реалниот раст од 1,5 отсто кој е под знак прашање дали ќе се оствари е далеку помалку од сега недостижните 5 отсто раст на економијата кој лажно ги ветуваше Заев,.

Слабиот раст е резултат на недостигот на капитални развојни проекти, како и стопирање на постојните капитални проекти, падот на градежништвото, како и стагнацијата во привлекување на странски директни инвестиции. Наместо продолжување на концептот на добра бизнис клима и ниски даноци владата на СДС ги зголемува даноците, ја зголеми акцизата за нафта со кој на семејствата им одзема по една просечна плата, најавува зголемување на персоналниот данок, а ги заборави ветувањата за просечна плата од 500 евра, 1.500 евра плата за докторите, и поддршка на бизнисот.

Владата покажа дека е неспособна и е без план во економијата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Веќе нема да требаат сертификати за странски јазик за директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски