ВМРО-ДПМНЕ: Велес во време на СДСМ стана најсиромашен град

Од:

„Велешани знаат дека во време на СДСМ најголемите фабрики во градот кои беа столбови на стопанството, беа распарчени и оставени во тешки милионски долгови. На велешани им е многу јасно во чии раце е некогашниот државен и општествен капитал“, рече на прес-конференција Мартин Мајсторов од ВМРО-ДПМНЕ.

Побара да одговорат на кој начин Порцеланка е во доминантна сопственост на Комерцијална банка на Хари Костов, поранешен премиер и министер од СДСМ, како тоа Комерцијална банка и Фершпед станаа едни од најголемите доверители на имотот на Топилницата пред нејзината продажба?

„Треба да одговорат зошто делови од раскрчмениот гигант Лозар завршија во приватна сопственост, како што е управната зграда, која е во сопственост на Зоран Мирсинов (кандидат за пратеник од СДСМ во 1998 година), а дел од лозовите насади се во сопственост на групацијата М6?Нека одговорат и за Киро Ќучук, каде што Зоран Заев и Киро Камчев го имаат мнозинскиот пакет на акции. Очигледната коалција на Бранко и Љубчо има своја позадина и бизнис интереси во Велес“, констатира Мајсторов.

„Граѓаните од Велес немаат никаква доверба ниту во Бранко Црвенковски ниту пак во оние велешани кои нему му се соработници, следбеници и послушници.Граѓаните на Велес неможат да го заборават фактот дека токму Аце Коцевски и Пецо Стојановски беа пратеници во Собранието на Република Македонија кога се носеа законите за приватизација.Нивната соработка функционира и денес како никогаш досега. Аце Коцевски ќе ја бара поддршката од Велешани како кандидат на СДСМ, партијата во која Пецо Стојановски е еден од највисоките функционери.Затоа токму во Велес, граѓаните бескомпромисно го казнуваат СДСМ неколку пати по ред. И на следните избори повторно ќе загубат и повторно Велешани ќе им ја испорачаат казната за погрешните политики од транзицијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандалозно е што Мицкоски го штити Изет Меџити при јасни докази

Влада: Не се вистинити наводите на СДСМ и на ДУИ за работата на Министерството за животна средина

СДСМ: Ние сме за реформи во судството, но ова што го прави власта е дефинитивно една груба партизација

Меџити: Не може административна или архивска работа да се прикаже како голем скандал

(ВИДЕО) СДСМ на Мицкоски му предаде документи за скандалот со вицепремиерот Меџити

Горан Наумовски

СДСМ на Мицкоски ќе му достави документи за работата на Меџити